← Назад на почетна

Видеа

Кратки видеа од самата програма, без регистрација и без форма. Снимени се од Стожер како што работи, а не од презентација.

Преглед · 1:13

Стожер во една минута

Сметководство, продажба и магацин на едно место. Најкраткиот преглед, ако сакате прво да видите што е ова.

Видеата се со македонска нарација и титлови.

Посебни карактеристики

Одделни видеа за една работа од почеток до крај, снимени од екранот додека се одвива.

Темна корица со екранот „Фотографирај и прокнижи“: лево фотографија на хартиена фактура, десно нацртот со ставки и збирови. Натпис: Од телефон до нацрт фактура.

Фотографирај и прокнижи · 1:18

Од телефон до нацрт влезна фактура

Фактурата од добавувачот е на хартија. „Прими од телефон“ покажува QR-код; телефонот на истата Wi-Fi мрежа го скенира, ја фотографира фактурата и ја праќа право на овој компјутер, без апликација, без сметка и без облак. Стигнува во приемното сандаче и AI моделот на фирмата ја чита: добавувач, ставки, ДДВ по стапки и вкупно. Лево е документот, десно нацртот, збировите проверени со аритметика. Човек проверува и зачувува; нацртот е подготвен, а книжењето останува Ваш клик.

Монитор на работна маса покрај кутии со стока; на екранот е увозна калкулација, со набавна цена по единица во секој ред. Натпис: Од документ до набавна цена.

Увоз · 4:00

Увоз: од документ до набавна цена

SmartPisar ги чита четирите документи од еден увоз: фактурата за стоката, фактурите за превозот и за шпедицијата и царинската декларација. Стожер ги презема како нацрти врзани по МРН (две од фактурите во евра, по курсот на НБРМ), прави приемница од ставките препознаени по баркод (услугата не се прима), ги книжи фактурите, во увозната калкулација ја пресметува набавната цена по единица со царината и зависните трошоци (превозот, шпедицијата и консултантската услуга од фактурата) и ја внесува стоката во залиха. Пакетот за сметководител го покажува целиот увоз како едно книжење во рамнотежа, со калкулацијата и документите, а ДДВ-04 го покажува увозот во поле 27 и 28.

Монитор на работна маса покрај куп папки и затворен регистратор; на екранот е увозот на артикли од датотека, со сите колони препознаени. Натпис: Од старата програма до прв работен ден.

Преминување · 2:10

Преминување: од старата програма до прв работен ден

Табелата од старата програма станува каталог во Стожер. Колоните се препознаваат сами: од шифрата и баркодот до готов производ, следење по серии и рок на траење; за новите артикли се избира сметка и стапка на ДДВ, а готовите производи сами одат на својата сметка. Количините и набавните цени стануваат приемница за почетна залиха, која пред книжењето бара потврда, зашто налогот за почетна состојба нема сторно. Втората табела ги носи нормативите: веднаш активни, со цена на чинење и маржа.

Монитор на дрвена работна маса во пекара, покрај свеж леб на даска и сад со брашно; на екранот е нормативот за бел леб, со цена на чинење и маржа. Натпис: Од рецепт до цена на чинење.

Производство · 1:54

Производство: од рецепт до цена на чинење

Рецептите се нормативи: тестото е полупроизвод, лебот го троши тестото, а цената на чинење и маржата се гледаат уште во нормативот. Дневниот план го нуди вчерашниот и прави четири работни налози одеднаш, со трудот и енергијата преземени од вчера; книжењето оди прво со тестото, па со лебот, а готовиот леб заминува во продавницата. Од налогот произлегуваат калкулација во која цената на чинење е набавна цена, извештај за производство усогласен со главната книга и серија со рок, следлива до продавницата.

Монитор на работна маса во пекара, покрај шолја кафе, тетратка и кроасани; на екранот, покрај работните налози, помошникот одговара кои купувачи должат и кој доцни. Натпис: Прашајте на македонски. Одговор од вашите книги.

AI-помошник · 1:41

AI-помошник: прашајте на македонски, одговор од Вашите книги

Ctrl+J го отвора помошникот покрај екранот на кој работите. Кој ни должи и кој доцни: одговорот доаѓа од извештајот за старост на побарувањата, со имиња и износи. Кои серии леб истекуваат: од извештајот за серии пред истек. Каде се прави дневниот план: од упатството на Стожер, патеката и чекорите. А кога треба нешто да се запише, помошникот подготвува понуда и ја покажува за потврда; ништо не се зачувува додека не кликнете „Потврди“. Вклучен е во секое издание, со Ваш клуч.

Погледнете како работи кај Вас

Составете го Вашиот Стожер и видете ја цената веднаш, или прочитајте што бара е-Фактура.